Економија Потпишан договорот за концесија за рудниците Злетово и Тораница

Потпишан договорот за концесија за рудниците Злетово и Тораница

Владата и новиот концесионер на рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“, го потпишаа договорот за концесија, со што 1.000 рудари ќе се вратат на работа.

Новиот инвеститор најави и нови вработувања и големи инвестиции во нова и современа опрема.

– По завршувањето на стечајната постапка, наша цел беше во што е можно пократок временски период да се привлече нов инвеститор и да се вратат лицата на работа. Владата за само шест месеци успеа да најде нов квалитетен и сериозен партнер. Она што е многу важно е дека компанијата ќе ги преземе сите 1.000 вработени. Работата почнува во мај – изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.