Македонија Потопло и сончево време за викенд

Потопло и сончево време за викенд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди во централните делови од земјата. Наутро во котлините понекаде ќе има појава на утринска магла, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд на северозападот и на крајниот југоисток. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб претежно југоисточен ветер, а наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се сушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и пообилни. Локално ќе биде нестабилно и облачно, особено на југозападот од земјата, со пороен дожд и со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.