Свет Потона брод во Индонезија, исчезнати повеќе од 100 лица

Потона брод во Индонезија, исчезнати повеќе од 100 лица

Брод со повеќе од 100 патници потона во близина на индонезискиот остров Сулавес. Како што пренесоа локалните медиуми, на бродот имало помеѓу 108 и 122 лица.

Бородот патувал помеѓу две пристаништа на Сулавес, но не пристигнал на крајната дестинација, пристаништето Сива.

Вработени на пристаништето соопштиле дека изгубиле контакт со бродот откако во текот на невремето што го зафатило му откажал моторот.

Полицијата испратила патрола во потрага по бродот, на кој се наоѓале најмалку 14 деца.

Властите се сомневаат декаа бродот потонал на околу 19 километри од својата крајна дестинација.