Свет Потона брод во Егејско Море, се удавиле 18 лица

Потона брод во Егејско Море, се удавиле 18 лица

Најмалку 18 лица се удавиле откако во текот на ноќта потона брод кој пловел во Егејско Море кон грчкиот остров Калимнос.

Како што известува турската новинска агенција „Доган“, припадниците на турската крајбрежна стража спасиле 14 лица, меѓу кои имало и Сиријци, Ирачани и Пакистанци.

Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 800.000 бегалци го преминале Средоземно Море на патот кон Европа оваа година, а повеќе од 3.400 загинале обидувајќи се да го направат тоа.