Главна секција Ќе се поставува првиот натпис со „Северна Македонија“, отстранети буквите на Владата

Ќе се поставува првиот натпис со „Северна Македонија“, отстранети буквите на Владата

Натписот „Влада на Република Македонија“ веќе е отстранет од фасадата на владината зграда, и се очекува наскоро на неговото место да се постави натпис „Влада на Република Северна Македонија“.

Се очекува денеска да почне промената на натписите и таблите на државните органи, и Собранието.

Денеска треба да бидат поставени и првите табли со „Северна Македонија“ на граничните премини, а првиот ќе биде граничниот премин „Богородица“, главниот премин на границата со Грција.