Свет Свет Поштата на САД, мета на хакерски напад

Поштата на САД, мета на хакерски напад

Со хакерскиот напад загрозени се податоците на половина милион вработени

Поштата на Соединетите Американски Држави соопшти дека била на удар на сајбер-напад и дека е можно да се загрозени податоците на околу половина милион нивни вработени и на клиентите со кои контактирал повикувачкиот центар од јануари до средина на август. Поштата на САД соработува со ФБИ во истражувањето на случајот и на обемот на штетата.
Дел од податоците на вработените до кои дошле хакерите се имињата на вработените, телефонските броеви, датумите на раѓање, адресите, како и броевите на социјалното осигурување. Во нападот кој се случил во средина на септември, можно е да се загрозени телефонските броеви и електронската пошта на клиентите кои контактирале со службата на корисници на поштата преку телефон или електронска пошта.