Македонија „Пошта“: Стоп за пратки од кај нас кон примачи во Кина, од...

„Пошта“: Стоп за пратки од кај нас кон примачи во Кина, од таму доаѓаат редовно

Фото: Арбнора Мемети

„Пошта“ информираше дека поради ширењето на коронавирусот во Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.

„Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период. Поради тоа, ги молиме корисниците на услугите на „Пошта“ за разбирање, а за сите промени навремено ќе ве известиме. Пратките од Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика,“ информираат од „Пошта“.