Свет Европа Посетата на Путин на Абхазија е непримерна, оценија САД

Посетата на Путин на Абхазија е непримерна, оценија САД

Посетата на претседателот на Русија, Владимир Путин, на отцепениот грузиски регион Абхазија е непримерна, оцени американскиот Стејт департмент.

САД исто така ја повикаа Русија да ги повлече своите сили на позиции пред судирот и во согласност со мировниот договор од 2008 година.

Путин за време на посетата изјави дека Абхазија ќе добие воена поддршка од Москва, а западните влади го осудија руското поддржување на сепаратистите.

Путин за време на состанокот со абхазискиот претседател Раул Хаџимб рече дека Русија е решена цврсто да ја гарантира безбедноста и независноста на Абхазија и укажа на потребата за препознавање на оптималните начини за развој на економијата.