Македонија Посебен режим за движење на лицата со попреченост за време на полицискиот...

Посебен режим за движење на лицата со попреченост за време на полицискиот час

Во текот на работната недела, во периодот од 19 до 20 часот и за викендите од 11 до 13 часот, лицата со попреченост ќе може да се движат со придружник. Оваа одлука ја донесе Владата, по предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.

За останатите граѓани важи полицискиот час од понеделник до петок, почнувајќи од 16 до 5 часот наредниот ден, а за време на викендите е забрането 24 часовно излегување. Мерката почнува да важи од денеска.