Економија Порталб: ЈП „Градски паркинг“ – Тетово бара кредит, а троши 25.000 евра...

Порталб: ЈП „Градски паркинг“ – Тетово бара кредит, а троши 25.000 евра месечно на плати

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ -Тетово, иако постојано работи со загуба, пред неколку дена побара заем од 6 милиони денари, пишува Порталб.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го оправдува ова со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Сепак, Порталб.мк обезбеди финансиски извештај со кој се потврдува дека дури и кога немаше пандемија, оваа компанија работела со загуба.

Најголемите добивки на ова претпријатие ги има од затворените паркинзи, пајак – службата и од дневните билети на граѓаните за паркирање, односно за ова, на сметката на претпријатието за првиот квартал од годината се внесени 1.996.518,00 денари (32.000 евра).

Во финансискиот извештај од првиот квартал на 2020 година, се забележува дека најголемиот дел или 85,59 отсто од трошоците одат за плати на вработените, ова преведено во бројки е вкупно 4.615.369,00 денари (околу 74.500 евра).

Иако бара кредит во име на граѓаните на Општина Тетово, директорот на ЈП „Градски паркинг“, Садат Алили, не најде за сходно да одговори на прашањата на новинарот на Порталб.мк за точниот број на вработени.

Сепак, неофицијално дознаваме дека во ова претпријатие се вработени 62 лица, од кои 9 се со договор на дело. Доколку оваа бројка е точна, излегува дека секој вработен ги чини граѓаните на Тетово околу 500 евра месечно или вкупно околу 25.000 евра месечно.