Македонија Пороен дожд и грмежи нè очекуваат денеска

Пороен дожд и грмежи нè очекуваат денеска

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, најпрвин на запад, а потоа и насекаде, ќе има пороен дожд и грмежи.

На повеќе места ќе наврнат повеќе од 20 литри дожд на еден квадратен метар, а можна е и појава на невреме проследено со појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 13 Целзиусови степени, а максималната од 20 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а во попладневните часови со услови за нестабилност и за појава на краткотраен пороен дожд проследен со грмежи.

Минималната температура ќе се движи до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 24 степени.