Свет Поранешниот директор на ЦИА осуден на две години условна казна

Поранешниот директор на ЦИА осуден на две години условна казна

Поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, е осуден на две години условна казна поради оддавање тајни на својата љубовница, јавува „Скај њуз“.

Шеесет и двегодишниот Петреус мора да плати и казна од 100.000 долари, а се изјаснил како виновен за неавторизирано задржување и отстранување на заштитени тајни податоци.

Поранешниот директот на ЦИА се појави во судот во американскиот град Шарлот, место каде живее Паула Бродвел, неговата поранешна љубовница, која денеска е мажена и мајка.

За време на сослушувањето, Петреус рекол дека сака да се извини поради болката што ѝ ја предизвикал со своето однесување.