Свет Поранешни шефови на ЦИА: Нашите техники спасија илјадници Американци

Поранешни шефови на ЦИА: Нашите техники спасија илјадници Американци

Неколку поранешни директори и заменци-директори на ЦИА објавија статија во која го нападнаa Сенатот, обвинувајќи го за селективен напад на извештајот за разузнавачките техники во времето на Џорџ Буш, пренесува „Нова ТВ“.

Според поранешните-лидерите на ЦИА, техниките за испитување давале резултат, односно велат, „спасиле илјадници животи“.

Американските медиуми ја критикуваа ЦИА за непотребно мачење на луѓето, бидејќи на крајот то не довело до подобрување на безбедносната ситуација во војната против тероризмот.

Статијата ја потпишале поранешните директори на ЦИА, Мајкл Хејдн, Џорџ Танет и Портер Гос, како и нивните поранешни заменици, Џон Мег Логин, Алберт Каланд и Стефан Капес.

Хејдн, кој раководеше со ЦИА за време на вториот мандат на поранешниот претседател Џорџ Буш, истакна дека по нападите од 11 септември 2001 година, разузнавачките служби се обидувале да спречат нови напади врз САД.