Дописници Поради штрајк на комуналците, приматели на социјална помош ги чистат улиците во...

Поради штрајк на комуналците, приматели на социјална помош ги чистат улиците во Берово

Поради штрајкот на вработените во Јавното комунално претпријатие „Услуга“ во Берово поради неисплатени плати, кој трае веќе една недела, сметот во градот го чистат приматели на социјална помош.

Дел од примателите на социјална помош велат дека се ангажирани за чистење на улиците по налог на градоначалникот на Берово, Драги Наџински, бидејќи имаат долгови за вода и за смет.

Еден од десетината ангажирани лица изјави дека градоначалникот, наводно, им рекол дека ќе им ја укине социјалната помош ако не го чистат градот.

Градоначалникот Наџински уште на 1 април, кога почна штрајкот на комуналците, најави дека тие што имаат повеќе неплатени сметки, долгот можат да го намират со чистење и со метење на беровските улици.