Македонија Поради маглата намалена видливост на патните правци околу Скопје

Поради маглата намалена видливост на патните правци околу Скопје

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патните правци Скопје – Катланово, Скопје – грaничен премин Блаце и обиколницата околу Скопје.

На останатите патишта во државата, Автомото-сојузот на Македонија информира дека собраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Маглата денеска предизвика проблеми и на скопскиот аеродром „Александар Велики“ каде дел од летовите се откажани, а дел се пренасочени кон Охрид и Приштина.