Економија Поради погрешни матични броеви, прилепските тутунари останаа без субвенции

Поради погрешни матични броеви, прилепските тутунари останаа без субвенции

Пред просториите на Сојузот на тутунарите „Мице Козар“ во Прилеп, денеска протестираа стотина тутунари од прилепскиот и од долненскиот регион, барајќи ги неисплатените субвенции за предадениот тутун од ланската реколта во износ од пет милиони евра.

Претставници од Сојузот на тутунските здруженија велат дека за ланскиот тутун Владата исплатила повеќе од 26 милиони евра субвенции, а остатокот ќе се исплати во текот на идната недела. Причина за оваа заостаната обврска се грешките во матичните броеви на тутунарите што ги направиле откупните компании, како и неисплатените обврски на тутунарите за пашарина и други законски давачки.