Свет Европа Поради безбедносни причини, откажан фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Холандија

Поради безбедносни причини, откажан фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Холандија

Поради безбедносни причини е откажан пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и на Холандија што вечерва требаше да се одигра на стадионот во Хановер, Германија.

– Имавме конкретни докази дека некој сакал да постави експлозиви на стадионот – изјавил шефот на полицијата во Хановер.

Два часа пред почетокот на натпреварот, стадионот бил евакуиран.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе биде меѓу гледачите во арената со 49.000 седишта.

Вчера беше откажан и пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Белгија и на Шпанија што требаше да се одигра денеска, поради безбедносни причини по нападите во Париз.