Македонија Поповски го информирал амбасадорот Пломп за планираните медиумски реформи

Поповски го информирал амбасадорот Пломп за планираните медиумски реформи

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп.

На средбата било разговарано за актуелната состојба во медиумската сфера, како и за најавата за реформи во законската регулатива во медиумскиот сектор.

Амбасадорот Пломп бил запознаен со детали од предлозите за измени во Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Министерот Поповски уште еднаш нагласил дека со задолженијата што му се дадени од страна на Владата, да биде одговорен за транспарентноста и за отчетноста, се пополнува празнината помеѓу добивањето исклучиво технички информации од државните јавни сервиси и потребата од вистински суштинска содржина која ѝ е потребна на јавноста за детално да ја следи работата на Владата.

„Амбасадорот Пломп ги оцени најавените реформи како неопходни и изрази интерес за повеќе средби со министерот Поповски, во насока на поинтензивна соработка со Амбасадата на Кралството Холандија за поддршка во медиумските реформи во Македонија“, информираат од Владата.