Македонија Поповска: ЛГБТИ луѓето се оставени како сираци од својата држава

Поповска: ЛГБТИ луѓето се оставени како сираци од својата држава

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ денеска изјави дека Законодавно-правната комисија на Собранието го губи својот кредибилитет. Поповска вели дека при сите нејзини аргументи, Комисијата ги одбива дополните на Законот за спречување и заштита од дискриминација со зборовите сексуална ориентација и родов идентитет, како основи за дискриминација.

– Со ова дозволувате ЛГБТИ луѓето да бидат оставени како сираци од својата држава и да не бидат подеднакво заштитени и третирани како другите граѓани. А токму сега е моментот за поправка на антидискриминаторскиот закон, кога се пишува извештајот за Македонија. Зашто во законот има сива дупка на која укажуваат сите меѓународни институции – вели Попоска.