Македонија Попоски во Виена на Постојаниот совет на ОБСЕ

Попоски во Виена на Постојаниот совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Виена ќе се обрати на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Како што соопшти МНР, за време на посетата предвидено е министерот Попоски да се сретне со својот австриски колега, министерот за надворешни работи Себастијан Курц.