Свет Европа Попоски во Виена на конференција за мигрантите

Попоски во Виена на конференција за мигрантите

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на конференцијата „Заедничко управување со миграцијата“, што ќе се одржи во Виена.

На иницијатива на Австрија, денеска ќе биде одржана конференција на 18 министри на надворешни и внатрешни работи на Западен Балкан, посветена на мигрантската криза на балканската рута.

– Загрижени сме бидејќи одредени држави членки дејствуваат надвор од договорената рамка – изјави во Брисел портпаролот на Европската комисија, Наташа Берто.

Учесниците на конференцијата ќе разговараат за теми кои се однесуваат на внатрешната безбедност, како што се управување со границите, борба против криумчарење и екстремизам.