Македонија Попоски во посета на Израел

Попоски во посета на Израел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, ќе престојува во дводневна посета на Израел, во чии рамки ќе оствари средба со заменик министерот за надворешни работи, Тципи Хотовели.
За време на посетата, Попоски ќе се обрати пред Израелскиот совет за надворешна политика и на Светскиот еврејски конгрес на тема „Случувањата на Блискиот Исток и нивната рефлексија во Југоисточна Европа: Македонски погледи“. Воедно, ќе оствари и посета на Еврејската агенција, а во пресрет на Денот на сеќавање на депортацијата на Евреите од Македонија, Попоски, во име на Владата на Република Македонија, ќе положи венец во Холот на сеќавањето на Меморијалниот центар „Јад Вашем“.