Македонија Попоски на работен појадок со амбасадорите на ЕУ во Брисел

Попоски на работен појадок со амбасадорите на ЕУ во Брисел

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на работен појадок со постојаните претставници – амбасадори на земјите-членки на Унијата во Брисел. На средбата ќе учествуваат и високи претставници на Европската комисија и на Европската служба за надворешни работи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, за време на средбата ќе бидат разменат мислења за перспективите на Република Македонија, за почеток на пристапни преговори и за начините за нивно ефектуирање на претстојните состаноци на Советот за општи работи на ЕУ и на Европскиот совет во декември.