Македонија Попоски на политички самит во Брисел

Попоски на политички самит во Брисел

На традиционалниот Европски политички самит, кој во организација на тинк-тенк институтот „Пријатели на Европа“ денеска се одржува во Брисел, на тема „Заживување на Западниот Балкан“, ќе учествува и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

Предвидено е министерот Попоски да има свое изложување во рамки на втората сесија од еднодневниот собир со наслов „Економски развој: дали е чашата половина полна?“