Македонија Попоски на конференција во Брисел

Попоски на конференција во Брисел

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, денеска во Брисел ќе учествува на конференција за Западен Балкан, насловена „Европската иднина на Западен Балкан“.

Теми на дискусија на конференцијата се европската перспектива на Западниот Балкан, доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања.

Во рамки на конференцијата, министерот Попоски ќе оствари повеќе билатерални средби.