Македонија Попоски: Македонија демонстрираше капацитет за справување со мигрантската криза

Попоски: Македонија демонстрираше капацитет за справување со мигрантската криза

И покрај сите предизвици, Македонија успешно се справува со мигрантската криза и има активен придонес кон заедничките напори на Европската Унија (ЕУ) за намалување на нелегалниот прилив на бегалци, истакнал министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на панел-дискусијата на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата“, што се одржа во „Чатам хаус“ во Лондон.

„Дејствувавме во согласност со договореното на ниво на ЕУ и како земја кандидат демонстриравме капацитет на одговорен партнер“, рекол Попоски.

На настанот се дискутирало за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Европа околу мигрантската криза, како и за ангажманот на владите во справувањето со неа.

„Фокусот на дискусиите се однесуваше на можните решенија и на евентуалниот нов пристап во менаџирањето на хуманитарниот, безбедносниот и на другите аспекти на мигрантската криза“, стои во соопштението на МНР.