Македонија Попоски денеска во Брисел

Попоски денеска во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска е во посета на Брисел.

При посетата Попоски ќе се сретне со претставници на Европската комисија.

Предвидено е тој да се сретне и со генералниот директор на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

На средбите ќе се разговара за европската интеграција на Македонија во пресрет на извештајот на ЕК, како и за предизвиците поврзани со мигрантската криза.