понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Кристијан Даниелсон | 15 резултати

Автопатот Демир Капија – Смоквица треба да обезбеди економски развој и безбедно патување

април 23, 2018

Со отворањето на 28,2 километри од автопатот Демир Капија – Смоквица го додадовме делот од Коридор 10 кој недостасуваше во земјата, рече генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. Тој додаде дека овој автопат ќе го олесни движењето, ќе го поттикне економскиот развој и ќе обезбеди одржливо и […]

Критериумите за земјите од Западен Балкан се построги од претходно, призна Даниелсон

декември 5, 2017

Кристијан Даниелсон, директор на Комесаријатот за проширување на ЕУ, денеска изјави дека земјите од Западен Балкан минуваат низ многу потешки реформски процеси при пристапувањето во ЕУ во споредба со државите што се приклучиле на Унијата во претходната декада. – Постои силен политички ангажман. Причината е прилично јасна: реформите на Западен Балкан се бараат затоа што сметаме дека на […]

Адеми и Даниелсон разговарале за изборите, реформските приоритети и за ИПА-фондовите

септември 16, 2016

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување и за соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, со кој разговарал за актуелната политичка состојба во земјата, претстојните парламентарни избори, реформските приоритети, како и за ИПА-фондовите. „Двајцата соговорници констатираа дека оценката на политичките […]

Тачи – Даниелсон: Единствен излез од кризата е вистински политички дијалог

мај 27, 2016

Причинителите на кризата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со еднострани и неодговорни одлуки за прашања кои беа дел до преговорите и за кои требаше да се постигне консензус меѓу најголемите политички партии, со посредство на претставниците на САД и ЕУ, истакнал претседателот на ДПА, Мендух Тачи на денешната средба со директорот на Директоратот за проширување на […]

Груевски со Даниелсон: Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е нормализирање на состојбата

мај 27, 2016

Актуелната влада има легитимен мандат до 2018 година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано доколку опозицијата изрази подготвеност да излезе и се соочи со граѓаните, посочил претседателот на владејачката партија, Никола Груевски на денешната средба со директорот на директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. На средбата, на […]

Даниелсон: Има уште многу работа за спроведување веродостојни избори

април 5, 2016

Останува уште многу работа што треба да се заврши за да се обезбедат услови за фер и демократски избори, изјави денеска во Скопје директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, по средбата со лидерите на четирите најголеми политички партии и со премиерот Емил Димитриев. Даниелсон ги повика партиите и државните институции заедно да […]

Димитриев го информирал Даниелсон дека изборите ќе бидат фер и демократски

април 5, 2016

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска се сретна со Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за проширување на Европската комисија. На средбата стана збор за европските интеграции на Република Македонија, реформите кои се преземаат и за актуелната политичка ситуација во земјата. „Соговорниците ја истакнаа потребата и заложбата од организацијата […]

Тачи: Сите партии треба сериозно да работат на исполнување на условите за фер избори

април 5, 2016

Сите политички партии треба да работат на исполнување на условите до дента на изборите, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, денеска во просториите на Мисијата на ЕУ во Скопје. – Потребно е да се исполнат сите услови за фер избори. Многу е неблагодарно […]

Кристијан Даниелсон на одвоени средби со лидерите на политичките партии

април 5, 2016

Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино. Според Мисијата на ЕК во Скопје, Даниелсон ќе се сретне со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух […]

Попоски и Даниелсон разговараа за изборите во Македонија

април 4, 2016

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Европската комисија во Брисел се сретнал со генералниот директор на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон. На средбата, како соопштија од МНР, меѓу другото, биле разменети мислења за европските перспективи, реформските приоритети, подготовките за изборниот процес и, во тој контекст, за идните чекори на Европската […]

Попоски денеска во Брисел

април 4, 2016

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска е во посета на Брисел. При посетата Попоски ќе се сретне со претставници на Европската комисија. Предвидено е тој да се сретне и со генералниот директор на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. На средбите ќе се разговара за европската интеграција на Македонија во пресрет на извештајот на […]

Страна 1 од 1