Свет Поплавите во Иран усмртија 17 лица

Поплавите во Иран усмртија 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во поплавите во Иран кои се последица на поројните дождови.

Како што објави иранската државна телевизија, загинатите се од северозападниот дел на земјата, односно од градовите Ајабшир и Азаршар.

Екипи на Црвената полумесечина, полицијата, војската и здравствени работници од раните утрински часови му помагаат на загрозеното население.