Свет Свет Поплавите во Австралија со себе носат, крокодили, змии и ајкули

Поплавите во Австралија со себе носат, крокодили, змии и ајкули

Повеќе десетици илјади лица се евакуирани во Австралија поради поплавите, а властите ги предупредија жителите на опасност од крокодили и од змии во надојдените води.

Циклонот Деби, кој е од четврта категорија, во вторникот го погоди Квинсленд, на североистокот на Австралија.

Циклонот оттогаш премина во тропска бура и се движи кон југозападот на Австралија, Поројни дождови има и на брегот јужно од Квинсленд и во Сиднеј.

Поплавите најмногу го погодија Лизмор, град на брегот на сојузната држава Нов Јужен Велс. Откако спасувачите вчера објавија фотографија од огромна бела ајкула насукана во Квинсленд, властите ги предупредија жителите на опасност од заталкани крокодили и змии.

Во ударот на циклонот нема мртви, а во вторникот едно лице беше потешко повредено, откако врз него се урна ѕид.