Македонија Поплавен патот кај Кичево кон Охрид поради невреме со пороен дожд

Поплавен патот кај Кичево кон Охрид поради невреме со пороен дожд

Невреме со пороен дожд го зафати вечерва Кичево, по кое остана поплавена главната улица по која се вози кон Охрид, пишува sdk.mk. Полицијата била на терен и ги пренасочувала возилата по споредни улици во градот.

„Во Кичево имаше десетминутен пороен дожд, кој престана да врне пред еден час. Поплавена е Дива населба, која нема атмосферска канализација. Според правилата, прва реагира локалната власт, која ако не може да се справи сама, бара помош од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК не беше побарана помош“, потврдила портпаролката на ЦУК, Надица Вучкова за овој медиум.