Македонија Попладнево сончево со мала облачност, попладне пороен дожд

Попладнево сончево со мала облачност, попладне пороен дожд

Времето претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладн часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Температурата во текто на денот ќе изнесува меѓу 25 и 33 степени.

УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе се искачи до 30 степени.

До утре во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

В петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. В понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.