Економија Попладне ќе се знае новата цена на струјата

Попладне ќе се знае новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РЕК) денеска ќе ја соопшти новата цена на струјата.

Регулаторите не можат да кажат кои и какви трошоци ќе имаат влијание врз цената, но сето тоа било во согласност со методологијата за пресметка.

Оттаму велат дека секоја од компаниите има различни трошоци, но тоа немало да има значително влијание врз крајната цена што ќе ја плаќаат корисниците.

Според статистичката служба на Европската Унија, Евростат, анализите за земјите кои не се членки на ЕУ покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55 отсто поевтина отколку во европските земји, а во Србија за 47 отсто.