Свет Балкан Понта го преживеа гласањето доверба

Понта го преживеа гласањето доверба

Романскиот премиер Виктор Понта, кој е обвинет за корупција, перење пари и за судир на интереси, го преживеа гласањето доверба во парламентот.

Против премиерот гласаа 194 пратеници, а 13 за него, но за скратување на довербата биле потребни 278 гласови, Пратениците на владејачката Социјалдемократска партија на Понта не гласаа.

Обвинителството го осомничи Понта за затајување данок во 2007 и во 2008 година, додека бил член на парламентот, за судир на интереси и за перење пари.

Понта одби да поднесе оставка, а во вторникот парламентот го одби барањето на обвинителството да му се укине имунитетот.

Претседателот Клаус Вернер Јоханис потоа остро го критикуваше парламентот затоа што мнозинството пратеници гласале против тоа дирекцијата за борба против корупцијата да покрене кривична постапка против Понта.