Македонија Помпео: Референдумот е можност на граѓаните за одговор кој е од витална...

Помпео: Референдумот е можност на граѓаните за одговор кој е од витална важност

Државниот секретар на САД, Мајкл на 21 август се сретна со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кому му честиташе за историскиот Договор од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот.

Како што наведуваат од таму, Помпео изразил поддршка за Преспанскиот договор, чија имплементација ќе овозможи државата да се приклучи кон НАТО како Северна Македонија и ќе го олесни отворањето на пристапните преговори со Европската Унија.

„Државниот секретар и министерот за надворешни работи зборуваа за идните чекори во имплементацијата на договорот, вклучувајќи го и референдумот на 30 септември. Државниот секретар забележа дека референдумот претставува можност за граѓаните да го изразат својот став за прашањето кое е од витална важност за иднината на Македонија“, се наведува во соопштението од Стејт Департментот во врска со посетата на министерот Димитров.