Култура Полска поетеса објави книга на македонски јазик во Бугарија

Полска поетеса објави книга на македонски јазик во Бугарија

Во Плевен, Бугарија, објавена е поетската книга „Кога си со друга“ од полската поетеса Калина Изабела Зиола.

Издавач на книгата е „Бран“ од Струга, а печатена е во печатницата „Нома“ од Плевен.

Автори на препевот се бугарската поетеса Вања Ангелова и македонскиот писател Петко Шипинкаровски, кои воедно се и рецензенти.