Премиерот Оливер Спасовски на својот Твитер профил ги извести граѓаните дека за време на викендите дозволено ќе биде шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање.
Како што пишува тој, оваа измена во уредбата за ограничено движење е со цел да им се излезе во пресрет на сопствениците на домашните миленици.
Мерките за ограничување на движењето за време на викендите, во период од 16 до 5 часот наредниот ден што ги опфаќа сите граѓани, предизвика бурни реакции кај Здруженијата за заштита на животните и сопствениците на миленици. Тие апелираа да се конкретизира мерката во однос на сопствениците на миленици кои што имаат потреби да ги извршуваат своите физиолошки потреби во природата.