Главна секција Полициска акција во Арачиново и Липково – МВР не открива детали

Полициска акција во Арачиново и Липково – МВР не открива детали

Во Арачиново и во делот на општина Липково во тек е полициска акција во која е блокиран влезот од Арачиново, а повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат за утре.

Според безбедносни извори станува збор за „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“.

Неофицијално акцијата е во врска со мигранти пронајдени во селото Ваксинце, а кои неколку дена биле држени како заложници од непозната вооружена група.

Засега нема прецизни информации дали полициските специјалци кои се на терен во Липковско и Арачиново се во акција против вооружена или пак станува збор за активности против криминална група.

Претходно дел од медиумите објавија дека акцијата на МВР во Арачиново и Липковско е поради вооружена група блиска до обвинетите за настаните во Диво Насеље од 9 и 10 мај, минатата година, која влегла на македонска територија од Косово.

Од МВР ги демантираат овие шпекулации и тврдат дека ситуацијата е под контрола.