Свет Полициска акција околу Операта во Сиднеј

Полициска акција околу Операта во Сиднеј

Австралиската полиција соопшти дека завршила акцијата околу зградата на Операта во Сиднеј и во Манли, но не откри повеќе детали за самата операција.

Сиднејската опера била под полициска опсада околу час и половина, а биле прекинати и траектните врски. Туристите биле евакуирана, а полицијата никому не дозволувала да се приближи до 150 метри од познатата зграда, која е симбол на Сиднеј.

Врз основа на информациите од социјалните мрежи, полицијата спровела операции во близина на операта и северното предградие Манли, како мерка на претпазливост.