Свет Европа Полицијата во Рим се судри со мигрантите

Полицијата во Рим се судри со мигрантите

Италијанската полиција се судри со мигрантите кои „окупираа“ помал плоштад во Рим, протестирајќи против наредбата да ја напуштат зградата во која се населиле.

Полицијата, со опрема за разбивање демонстранти, употребила водени топови против мигрантите.

Две лица се уапсени, соопшти полицијата, истакнувајќи дека бегалците имале плински боци и дека некои од нив и ги отвориле.

Се наведува дека мигрантите фрлале камења и шишиња на полицијата, а користеле и пепер-спреј.

На телевизиските снимки се гледа како одредени бегалци викаат на полицајците и се обидуваат да ги удрат.