Хроника Полицијата во Ниш пронашла пиштоли во систем за греење на воз

Полицијата во Ниш пронашла пиштоли во систем за греење на воз

Во системот за греење на возот што сообраќа на линијата Софија – Белград пронајдени се 19 пиштоли и револвери.

Пиштолите и револверите биле од марката „екол“, со калибар од 9 милиметри, а пронајдени биле и 500 куршуми.

Оружјето и муницијата биле пронајдени по анонимна дојава, а возот бил запрен и претресен на железничката станица во Ниш.

Се претпоставува дека станува збор за шверц, кој функционирал подолго време.