Свет Балкан Полицијата во Истанбул предупредува за можни напади во градот

Полицијата во Истанбул предупредува за можни напади во градот

Дирекцијата на полицијата во Истанбул испратила писмен документ до сите единици со предупредување за можни напади во градот, објави „Тудејс заман“.

Предупредувањето се однесува за места каде се собираат голем број луѓе, поточно за главните автобуски и метро-рути низ градот.

Турција почна големи антитерористички акции во петокот против повеќе илегални групи, вклучувајќи ја Исламската држава и Курдската работничка партија.

Акциите почнаа откако напаѓач-самоубиец, за кого се смета дека припаѓа во ИД, изврши напад во градот Суруч. Во нападот загинаа 32 лица.