Македонија Полицијата го приведе Љупчо Палевски – Палчо по барање на СЈО

Полицијата го приведе Љупчо Палевски – Палчо по барање на СЈО

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски- Палчо вечерва е приведен по барање на Специјалното јавно обвинителство, објави „Телевизија 24“, повикувајќи се на извори од СЈО.

Телевизијата јавува дека СЈО веќе води предистражна постапка против Палевски, а се шпекулира дека е приведен поради тоа што ја „Јутуб“ објави прислушувани приватни разговори на јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени.

Уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ-Латас во СЈО пријави вакви злоупотреби, а на профилот Палевски се појавија и снимки од бизнисменот Јордан Камчев.