Главна секција Полицијата ги спречи демонстрантите да го урнат споменикот на Прометеј

Полицијата ги спречи демонстрантите да го урнат споменикот на Прометеј

Додека демонстрантите се обидуваа да го урнат споменикот на Прометеј, голема група припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) ги спречија активистите да му пријдат на споменикот, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Граѓаните извикуваа „Нема правда нема мир“, „Убијци“, „Човечиња“ и им ги објаснуваа своите мотиви на полицајците.

Претходно, неколку камења и пластични шишиња завршија во прозорците на Министерството за правда, а демонстрантите ја боеја зградата со пумпи и со боја во буриња. Полицијата, иако таму беше присутна во зголемен број, не реагираше на активностите на демонстрантите.