Технологија Гаџети Полицијата апси хакери низ Европа

Полицијата апси хакери низ Европа

Полицијата во Европа почна голема акција против хакерите откако вчера се појави информација дека се шпионираат приватните веб-камери во Велика Британија.

Во Велика Британија се уапсени пет лица, кои користеле софтвер за далечинско управување на приватните компјутери, а системот се нарекува „ретинг“. Откако ќе упаднат во компјутерот, хакерите можат да го користат за криминални цели, а шпионирањето со посредство на камерата е само една од нив.

Британската полиција упаси двајца мажи и една жена од Лидс, еден маж од Кент и уште еден од Дарлингтон. Покрај нов, полицијата уапсила уште 11 лица од Естонија, Франција, Романија, Литванија, Италија и од Норвешка. Сите уапсени го користеле споменатиот софтвер „ретинг“.