Свет Балкан Полицаец убиен во турската провинција Адана

Полицаец убиен во турската провинција Адана

Турски полицаец синоќа е убиен во провинцијата Адана, откако непознати напаѓачи од мотоцикл во движење отвориле оган врз полицијата.

Како што јавуваат турските медиуми, во инцидентот е повреден и уште еден полицаец, кој веднаш е хоспитализиран.

Истовремено, четири лица се повредени во бомбашки напад извршен во југоисточната покраина Дијарбекир. Мета на нападот бил воен конвој кој се движел по автопатот Дијарбекир – Елазиг. Засега никој официјално ја нема преземено одговорноста за нападот, но се претпоставува дека зад него стои ПКК.

По нападот, терористи украле возило и нападнале полицајци кои го обезбедувале регионалното седиште на Партијата на правдата и развојот (АКП). По нападот, приведени се 32 лица.