Свет Полицаец уби афроамерикански тинејџер во Сент Луис

Полицаец уби афроамерикански тинејџер во Сент Луис

Полицаец уби 18-годишен Афроамериканец на бензинска пумпа во Сент Луис, јавуваат американските медиуми. Жртвата е идентификувана како Антонио Мартин.

Корисниците на социјалните мрежи се преплавени со фотографии и со видеозаписи од местото на инцидентот, а на некои од нив се гледа и расплаканата мајка на убиениот тинејџер.

– Тие почнаа да пукаат – изјави за медиумите Тони Мартин, мајка за убиениот тинејџер. Мартин соопшти дека за време на инцидентот, нејзиниот син бил со својата девојка, која засега одбива да разговара со медиумите.

Полицијата засега не го коментира инцидентот, но според очевидци, кои се огласија и на социјалната мрежа „Твитер“, тинејџерот не бил вооружен кога бил застрелан.

Десетици луѓе почнаа да се собираат на местото на инцидентот, барајќи објаснување од полицијата.