Свет Полицаец од конвојот на канадскиот премиер повреден во судир со џип во...

Полицаец од конвојот на канадскиот премиер повреден во судир со џип во САД

Полицаец на моторцикл кој бил во придружба на конвојот возила во кој бил канадскиот премиер Џастин Трудо бил повреден денеска во Калифорнија откако удрил во џип. Полицаецот е пренесен во болница со повреди, а Трудо не бил повреден.

Несреќата ја предизвикал џип што нагло свртел лево додека возел пред конвојот.

Несреќата се случила во јужна Калифорнија, кратко откако Трудо ја завршил посетата на Претседателската библиотека „Роналд Реган“ во долината Сими.

Канадскиот премиер е во дводневна посета на Калифорнија.