Македонија Политичките партии сè уште далеку од договор за медиумите

Политичките партии сè уште далеку од договор за медиумите

Политичките партии кои денеска преговараат за медиумите во Клубот на пратеници во Скопје, повторно не постигнаa напредок околу спорните прашања, дознава „Мета“.

Според нашите информации, преговарачите разговарале за Агенцијата за медиуми, но не постигнале решение. Се очекува преговорите за медиумите да продолжат и утре.

Денеска ВМРО–ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија да достават предлози што тие ќе ги претстават на средбите на работните групи. Од партијата велат дека нема да прифатат ниту еден закон кој значи цензура на медиумите и високи казни за редакциите.

За СДСМ секој закон кој значи деполитизација и департизација на институциите задолжени за медиумите е добредојден.

Предходно, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте даде рок до утре да се постигне договор околу спорните прашања за медиумите.

Сепак, според нашите информации, преговорите ќе навлезат и во иднината недела кога, конечно, би требало да се најде некое решение задоволително за сите политичките партии.