Македонија Политичката состојба во Македонија е како изгребана плоча, оцени Тимоние

Политичката состојба во Македонија е како изгребана плоча, оцени Тимоние

Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една гребнатина на тоа што веќе е, изјави денеска во Битола францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, каде учествуваше на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“.

– Посакувам што побргу да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека – рече Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање.

Тимоние рече дека француската амбасада тесно соработува со Секретаријатот за европски прашања и дека Франција назначила технички експерт кој во рамките на СЕП помага како да се постигне поголема искористеност и пристап до ЕУ-фондовите.

– Но, за тоа е потребна влада што ќе ја спроведува потребната динамика, а административната празнина што постои во моментов, не ни помага во работата – истакна Тимоние.